Промоција на “Да ти се погоди да живееш во интересни времиња” од Весна Дамчевска

Сподели

 

Промоција на книгата „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ (културолошки ставови и искуства) од Весна Дамчевска, на 14.јуни, во 20 часот на платото пред МКЦ.
 
Книгата е збирка од авторските колумни пишувани во последниве десетина години и објавувани, главно, во рубриката „Наш став“, но и страниците за култура и прилогот „Лик“ во дневниот весник „Нова Македонија“.
 
Иако темите опфатени во оваа книга се однесуваат на невеселата сегашност, таа не форсира одреден поглед на светот, но испраќа порака зошто уметноста и културата како документи на една временска епоха треба да се сфатат сериозно.
Промотор на книгата ќе биде Александар Прокопиев.
 
На настанот ќе бидат почитувани сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД-19.