Алтернатива Настани

Промоција на „Дремката на облакот“- хаику од Софија Бислимоски

Сподели:

 

Денеска во книжарницата на Литература.мк во Скопје со почеток во 19:30 часот, ќе биде промовирана книгата „Дремката на облакот“- хаику од младата поетеса, Софија Бислимоски.

 

 

Проектот е изработен во текот на оваа учебна 2018/2019, на часовите за креативно пишување во „Арс вивенди“- студио за креативно пишување, под менторство на Дијана Петкова.

Збирката содржи осумдесет хаику песни, а сликата за корицата ја изработи сестрата на Софија, Нена Бислимоски. Промоторка и рецензентка е, д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет, каде што предава Современа македонска книжевност и Литература за деца.

Издавач е Либи, дел од Арс Ламина-публикации, а збирката ќе биде објавена во рамките на едицијата Млади креативци.

Стиховите ќе ги чита авторката.

 

 

Сподели: