Алтернатива Вести Македонија Настани Ударни вести

Државен архив: Македонија во очите на странските научници

Сподели:

 

Во издание на Државниот архив, спроти Илинден, излезе од печат книгата: “Нико Зупанич и Македонија во 1903 година”, чиј автор е амбасадорот, Виктор Габер.
 
Оваа студија е осврт на научниот развој на словенечкиот антрополог и етногеограф, д-р Нико Зупанич (1876-1961) и на неговите трудови објавувани во 1903 година во Виена посветени на поширокиот третман на темата – Македонија и Македонците од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
 
Важноста на оваа студија се состои не само во фактот што во неа првпат студиозно се анализира интересот на еден странски автор за Македонија пред повеќе од еден век, туку уште повеќе затоа што во неговите трудови, посветени на раниот период од македонската еманципација, можат да се препознаат веќе започнатите мобилизаторски процеси во оформувањето на македонската нација, како и посебните културолошки елементи што во тој период се јасно видливи и препознатливи.
Сподели: