Промоција на “Приватна насмевка” од Гоце Дртковски

Сподели:

„Да се биде како другите, значи да се биде нормалeн, и тоа е крајната цел на граѓанскиот конформизам. Ние лесно се приспособуваме на мејнстримот, таму препознаваме желби и ги откриваме правилата кои треба да се следат. И во уметноста и во книжевноста, главниот тек лесно може да ве заведе.

Ликовите во Приватна насмевка се држат понастрана од мејнстримот, од клишето, и за нив не важи емотивниот маниризам кој доминира во глобалната инстант-култура. Книжевната нарација е скептична кон животот и постојано прашува: зошто? Таму нема јадосувања, чемер, мачнина – во Приватна насмевка се вгнездил заборавот и без сочувство и емотивни патоси, без лифтинзи и фотошопирања, со неподнослива леснотија се зборува за животот. На прашањето дали така мораше да биде, некој глас таму спокојно вели: Да, така мораше да биде.“

Промоција на новата книга на Гоце Дртковски во Public Room, на 9. октомври, четврток, 20 часот.

Сподели: