Алтернатива Настани

Промоција на сликовницата „Девојче и мече” од Ване Костуранов

Сподели:

На 16. април, од 19 часот, во книжарницата Литература.мк на ул.„Македонија”, ќе се одржи промоција на сликовницата за деца „Девојче и мече“, книга која претставува една топла, сонувачка приказна за другарството и растењето.

„Девојче и мече“ е втора детска книга на спектакуларниот Ване Костуранов, кој, со неговата претходна сликовница „Sвездено дете” се покажа мошне успешно пред домашната публика.

Како и секогаш, ќе има можност за дружење, фотографирање и потпишување на книги од авторот, како и бројни изненадувања за сите посетители.

Сподели: