Скопскиот Wizz Air” маратон за прв пат квалификациски за СП

Сподели

 

 

Виз Ер” Скопскиот маратон во 2020 година, ќе се одржи на 10 мај и за прв пат ќе биде квалификациска трка за светско првенство за старосни категории под капата на „Abbott World Marathon Majors“.

“Виз Ер” Скопски маратон стана партнер со „Abbott World Marathon Majors“. Ова е серијал од шесте најголеми маратони познат како Големата шестка, во која се вбројуваат Бостонски, Лондонски, Токиски, Берлински, Чикашки и Њујоршки маратон. Воедно, маратонската трка на Виз Ер Скопски Маратон 2020 ќе биде квалификациска трка за светското првенство во старосни категории во 2021 кое најверојатно ќе се одржи во Чикаго. Сите учесници во маратонската трка ќе добијат бодови во зависност од пласманот и резултатот и ќе влезат во ранкингот на ова натпреварување, соопштија од тимот на Виз Ер Скопски маратон.

Пријавувањето се отвора денес, 24 септември 2019 година. Во првите два дена, пријавените ќе може да ги изберат своите омилени стартни броеви од посебно понудените рангови на броеви.

Сите заинтересирани може да се пријават во првиот круг кој трае до 15. октомври 2019 на http://skopskimaraton.com.mk/ или партнерот за онлајн пријавувања на https://www.smartrace.club/