Вести Свет Топ теми Ударни вести

Рајски документи: Kако богатите го кријат своето богатство и кои се тие

Сподели:

Oколу 13,4 милиони документи, кои го претставуваат богатството на светските елити и начините на кои се криеле парите, беа објавени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и нивните партнери, весниците „Њујорк тајмс“, „Зидојче цајтунг“, “ Гардијан” и британскиот јавен радиодифузер „Би-би-си“. Материјалите се добиени од двајца регистратори на офшор-фирми во 19 т.н. „даночни раеви“.

Меѓу „рајските документи“ што вчера ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) за финансиите на околу 120 политичари од повеќе држави, се наоѓа и името и српскиот министер без ресор задолжен за иновации и технолошки развој, Нeнад Поповиќ.

Документите што излегоа од две агенции за оф шор услуги од Бермудските Острови и Сингапур, покажуваат дека Поповиќ поседува имот што вреди најмалку 75 милиони долари, а дека неговата пазарна вредност е повисока од 100 милиони долари, со што тој убедливо е најбогатиот српски политичар, открива белградската Мрежа за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК).

Освен од агенциите за оф шор услуги, беа изнесени документи и од 19 официјани регистри на компании, кои го откриваат работењето на многубројни српски бизнисмени.

Документите овозможуваат детален увид во империјата и богатството на министерот Поповиќ.
Откако во 2012 година стана потпретседател на Народното собрание, Поповиќ дошол до идеја неговото богатство да го реорганизира преку сложена мрежа на оф шор компании, од кои една во Хонг Конг и две на нританскиот островот Ман.

Правната фирма „Еплби“, која Поповиќ сакал да ја ангажира, меѓутоа, спровела истрага и открила различни контраверзии во однос на работењето на Поповиќ, особено во Русија.

КРИК најави дека подоцна ќе бидат објавени сите детали од работењето на Поповиќ.

До „рајските документи“ дојде германскиот весник „Зидојче цајтунг“, кој потаа ги сподели со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и со повеќе од 380 новинари во 67 земји.

Сподели: