Вести Македонија Ударни вести

Рефороматорите порачаа: Срамен пораз на ВМРО-ДПМНЕ и побараа оставка на Груевски

Сподели:

Иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција објавија дека времето на Груевизмот заврши во партијата и во Република Македонија.
Ние од иницијативата излеговме пред 4 месеци со цел да спречиме ваков срамен пораз на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено, жалиме што Никола Груевски не ја препозна историската димензија на иницијативата, со што партијата ќе можеше да влезе подготвена на овие избори. И покрај тоа што членовите масовна се приклучуваа на внатрепартиската иницијатива и беа гласни дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се реформира, Никола Груевски одлучи да оди срамно во овај пораз, рече Александар Михајлоски.

Тој упати неколку пораки. До членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не очајуваат.
-Секој крај е нов почеток во кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се демократизира со реформи и повторно ќе биде силна политичка партија во Република Македонија.
Ги повикуваме членовите на ВМРО-ДПМНЕ од сите комитети, сите функционери, масовно да се приклучат кон иницијативата за реформи зашто нема време за одлагање. Дојдено е време за реформи, низ кој процес партијата ќе стане силна и ќе носи победа на вмровците во оваа држава.
Го повикуваме и Никола Груевски да си поднесе оставка и да овозможи низ демократски конгрес членовите слободно и демократски да го изберат сојот нов лидер.
Порака и до СДСМ, на воздржаност и вистинско практикување на демократијата без реваншизми кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Порака до граѓаните, ВМРО како политичка партија ќе се реформира и ќе биде носител на политичкиот консензус во Македонија, ќе се движи кон патот на демократија во Република Македонија, рече Михајловски.

Сподели: