Ретвитни оброк #126 – Секој заслужува достоинствен оброк!

Сподели

Ретвитни оброк #126 – Секој заслужува достоинствен оброк!

УБАВИ ЛУЃЕ, САКАЧИ НА ХРАНА И ГОТВАЧИ, ДОБРОНАМЕРНИЦИ, И ОВОЈПАТ СИТЕ ГОТВИМЕ ДОМА. Ве повикуваме да ни помогнете да ги нахраниме нашите сограѓани!

Секој може да се вклучи:
– Можете да зготвите онолку колку сте во можност оброци од дома и спакувајте ги во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Да донирате намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје, гравче, ориз…) и да ги оставите во Freshys – Фрешис и така да им овозможите на луѓето кои ќе готват дома да направат повеќе оброци.
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30часот во сабота пред Мајка Тереза.

Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк! ♥
За било каква информација, пишете ни на Ретвитни Оброк групата.