Ретвитни оброк: Да зготвиме заедно оброци за сите гладни

Сподели

 

Готвиме секој петок, со сите кои сакаат да се вклучат и да помогнат во подготвувањето оброци за сите гладни.

И оваа сабота, како и секоја претходно, делиме оброци за нашите сограѓани и секој е добредојден да се вклучи:
– Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот кај спомен куќата на Мајка Тереза (за амбалажи и намирници контактирајте нè во порака или на групата)
– Да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Freshys – Фрешис или во Гласност.