Алтернатива Скопје Чита

Розата јас и ти

Сподели:

Розата, јас и ти..
Таа розата,
што имаше мирис на љубов,
изглед на магија,
ронење во твојот допир,
изгор во мојата воздишка,
мигови на екстаза,
години на мечтаење,
сочувана на мојата пупка,
пипната од твоето јас и ти.
Лулашка на страста,
рампа на сомнеж,
зенит на реалноста.
Преубава,
како јас и ти заедно,
свежа како мајчино млеко..
Таа розата
што имаше трње
во медовата градина,
а ние не го сетивме
при момент на взаемна вечност
кој не го запечативме,
кога мислата ја распаравме
во времето кое не раздели,
таа розата, времето и разделбата.
таму бевме јас и ти..
М.П.

Сподели: