Сè уште нема ниту еден Центар за жртви на сексуално насилство

Сподели:

Парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ го одби амандманот на Левица, со кој се бараше обезбедување средства за воспоставување и функционирање на пет центри за жртви на сексуално насилство.

Образложувајќи го амандманот, пратеничката од Левица, Јована МОЈСОСКА, потсети дека уште во 2021 година Собранието изгласало закон со кој Министерството за здравство е задолжено да воспостави кризни центри за долготрајна поддршка на жртвите на сексуално насилство.

Но, пет години подоцна, државата сè уште нема ниту еден таков центар, реагираат од Левица.

Мојсоска предупреди дека во периодот од 2020 до 2024 година во Македонија биле евидентирани 455 жртви на сексуално насилство, од кои 90% се девојчиња, а институциите и понатаму не обезбедуваат системска и долготрајна поддршка.

Сподели: