Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Се јави Груевски: Немаат материјален доказ да докажат моја лична инволвираност

Сподели:

 

Никола Груевски на својот официјален ФБ профил, со реакција на објавите дека Јавното обвинителство запленило земјиште на Водно и два стана кои се негови.

–Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично. Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле, па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”. Уште еднаш повторувам дека немам купено ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат. Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта, со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање, има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот, пишува Груевски.

 

 

“Немаат било каков материјален доказ или вештачење со кое би се докажала моја лична инволвираност во смисла на од мене направена и потпишана финасиска трансакција на пари и слично, а најмалку мој заверен имот во катастерот, ниту пак можат да го имаат од причина што такво нешто не постои. Имајќи во обзир дека сеуште имаат доволна контрола на судско-обвинителскиот систем, свесен сум дека може секоја нивна “болна” идеја која ја наумиле, да ја реалзиираат”, додаде бегалецот Груевски од Будимпешта.

Сподели: