Алтернатива Настани

Се вдомуваат Теа, Пикси, Весна Таби, Лиско, Буцка, Цунами, Маја и Каја

Сподели:

 

Овие мали шепасти пријатели сеуште го бараат својот иден дом, пред да бидат вратени на локацијата од каде се заловени. Во прифатилиштето на ЈП Лајка има прекрасни бездомни кучиња кои очекуваат со нетрпение да бидат вдомени, а за возврат ќе го исполнат домот на нечие семејство со многу смеа и забава, безусловна љубов и внимание.

 

 

Сите кучиња во прифатилиштето на ЈП Лајка се комплетно здрави единки и го имаат поминато целиот хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка. Имаат уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода. Секое куче го добивате со пасош, прочистено од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирано/кастрирано, чипирано, вакцинирано од заразни болести, избањата со стекнати хигиенски навики.

Да ја поддржиме заедно кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“, да покажеме хуманост и да им подариме топол дом на кучињата каков што вистински заслужуваат.
Секое вдомено куче, значи едно бездомно куче помалку на улица.

За вдомување на куче од прифатилиштето на Лајка и пополнување на прашалник аплицирајте на vdomi@lajka.com.mk.

Сподели: