Алтернатива Настани

Сите во Еко – Акција за чистење на Карпош

Сподели:

Еко-акција за чистење на Карпош, на 13. април

Општина Карпош организира голема еко акција за чистење на Општината, на 13.04.2019 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, на повеќе собирни пунктови.
Во акцијата ќе се приклучи градоначалникот, општинската администрација, советниците, комуналните служби, како и повеќе јавни личности, граѓански организации, институции и фирми.

Приклучете се на некој од следниве пунктови:

📍 Кеј на Вардар (две собирни места):
• 10:00 часот, под х. „Александар Палас“, кај фитнес зоната;
• 10:00 часот, крај на бул. „Илинден“ (патеката што води до мостот „Газела“);
📍 Министерство за економија (ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15);
📍 Бул. „Партизански одреди“ (четири собирни места):
• 10:00 часот, кај автобуска постојка и пекара „Мал Одмор“ (спроти Симпо);
• 10:00 часот, пред Симпо;
• 10:00 часот, кај мостот „Обединети нации“ (кај воените кули);
• 10:00 часот, спроти воените кули, кај трите бели кули.
📍 Платото на Млечен, пред „Ли“ кафе;
📍 ТЦ Лептокарија (на коцка, пред кафе бар „Ревија“ )
📍 Порта Влае (на плоштад „Делфина“).

Секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина!
Приклучете се! #КарпошНекаДише

Сподели: