Совет на Амбасадори ја поздравува наредбата на Џо Бајден за Западен Балкан

Сподели

 

Здружението за меѓународна политика “Совет на Амбасадори” го поздравува објавувањето на проширувањето на опсегот на итната состојба објавена со Извршната наредба од 2001 година, на претседателот на САД Џо Бајден ,со кое тој наредува да бидат замрзнати сиот имот и интереси што се во САД на лица  кои, меѓу другото, “се одговорни, директно или индиректно, за закани по мирот, безбедноста, стабилноста или по територијалниот интегритет на која било област или држава во Западен Балкан, на лица кои се одговорни, директно или индиректно, за поткопување на демократските процеси или институции во Западен Балкан, на лица кои се одговорни, директно или индиректно, за сериозни прекршувања на човековите права во Западен Балкан” (цитат).

Советот  на Амбасадори во целост ја поддржува констатацијата изнесена во Извршната наредба на претседателот Џо Бајден, дека во земјите на Западен Балкан има широко распространета корупција во разни влади и институции со што се отежнува и успорува  напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските интеграции.

Советот на амбасадори ја поздравува определеноста на САД, да на лицата кои директно или индиректно, претставуваат закана по имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор како што се Преспанскиот Договор и Охридскиот договор се ставаат на таа листа.

Советот на Амбасадори смета дека во нашата држава како и во соодветните институции се направени одредени напори да се доведат пред органите на правдата лицата кои во Извршната наредба, се категоризирани како лица кои се одговорни, или се вклучени директно или индиректно во недозволените актиивности корупција од било кој сегашен или поранешен владин функционер.

Советот на Амбасадори ја повикува Владата и понатаму храбро да работи во искоренување на корупцијата и организираниот криминал и кај поранешните функционери и во сопствените редови, со цел на создавање на држава без криминал од сите видови и со голем степен на одговорност кој ќе не води кон благосостојба”, се наведува во соопштението на ИО на Советот на амбадсадори.