Стартува новата сезона на Аква Паркот во Скопје

Сподели

 

Во петок, со почеток од 10:00, ќе стартува новата летна сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“.

Оваа година, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти: 10 атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и новото детско катче за забава во песок.

 

Новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови.

 

Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.

 

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери.