Стерјовски: Барам објаснување какви мерки се преземаат за еколошката катастрофа на Преспанското Езеро

Сподели

 

По барање на Васил Стерјовски, пратеник од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ на утрешната пленарна седница на парламентот во Тирана ќе се најде прашањето за состојбата со алармантниот пад на водата во Преспанско Езеро.

“Во четврток на 17 септември 2020 година, на мое барање, во албанското Собрание ќе се оджи интерпелација со министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси.

Од министерот Клоси барам објаснување какви мерки презема Министерството за туризам и животна средина во сорбатока и со надлежните институции на Македонија и Грција за да се спречи алармантниот пад на водата во Преспанското Езеро и еколошката катастрофа што му се заканува како и да објасни за разните проекти кој што се спроведуваат во Националниот парк Преспа и кој не придонесуваат за намалување на сиромаштијата во областа на Преспа, ниту за заштита на животната средина во Националниот парк Преспа.

Сакам да ве поканам сите вас, жители кои што живеете на територијата на Националниот парк Преспа, да ми пишете ваши мислења и сугестии поврзани со алармантниот пад на водата во Преспанското Езеро и проектите кој што се спроведуваат на територијата на Националниот Преспа.

Вашите мислења и сугестии ќе бидат вклучени во моите дискусии со министерот Клоси во четврток, во албанското Собрание” – напиша Стерјовски на својот официјален фб профил.