„Мицкоски секој втор ден повторува дека младите треба да останат во Македонија. Но, како да останат младите во држава во која мора да молат за покачување на студентскиот оброк, работниците за повисоки плати, а жените за основна заштита на работното место? – праша Мојсоска на расправата за ребалансот на Буџетот, по повод амандманот на Левица за зголемување на субвенционираниот студентски оброк, кој пратениците на ДПМНЕ не го поддржаа.
Не можете да зборувате за демографија, а да не создавате услови младите да се осамостојат. Не можете да зборувате за патриотизам, а да очекувате младите да останат во држава во која не можат да си го обезбедат ниту основниот животен стандард.
Патриотизам не е да им кажувате на младите да останат. Патриотизам е да им создадете услови да можат да останат!“


