Стоев: Нема промена во позицијата на Бугарија по однос на РС Македонија

Сподели

 

Нема промена во позицијата на Бугарија по однос на Република Северна Македонија, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев по средбата со министерот за надворешни работи на Португалија, Силва и комесарот Оливер Вархеји, пренесува БГНЕС.

“Отворени сме за отворен дијалог со РС Македонија и очекуваме со нашите соседи во регионот да соработуваме во духот на искреност и конструктивност. Сакам да потенцирам дека не може да се очекува промена во националната позиција на Бугари во однос на РС Македонија”, изјави бугарскиот министер Стоев, по средбата со неговиот португалски колега Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во Софија.