Street Jam at Skopje Street Festival

Сподели

Градски Парк 10 Јуни, 16:00ч         

street

Street Jam @ Skopje Street Festival 2016

All style battle претставува натпревар во урбани стилови: locking, popping, hip hop, house, waackin, bboying…

Целта на играчите е да ги покажат своите вештини во наведените стилови на играње, на музика која ја пушта диџејот. Музиката која ја пушта диџејот може да биде фанк, хип хоп или хаус. Натпреварувачите важно е да ги покажат следните вештини: пратење на ритам, музикалност, креативност, стил на играње и секако натпреварувачите да се чувстуваат природно додека играат. Натпреварувачот може да игра и повеќе стилови, но и не мора.

Правила:

Во категоријата на ALL STYLE BATTLE 1VS1, двајца натпреварувачи влегуваат наизменично покажувајќи ги своите вештини. Во квалификациите, секој натпреварувач има по едно претставување од 60 секунди. Бројот на напреварувачите кои ги поминуваат квалификациите зависи од бројот на пријавени (16 или 8). До полуфиналето натпреварувачите имаат по еден влез. Во полуфиналето и финале, натпреварувачите имаат по два влеза. Натпреварувачот треба да одговори на својот спротивник, без обзир на кој стил игра тој/таа.