Третиот роденден на ЈП Лајка прославен со „Изложба на вдомени кучиња“

Сподели

 

По повод третиот роденден, ЈП Лајка организираше „Изложба на вдомени кучиња“ со која заедно со граѓаните кои вдомиле куче, покажавме дека и вдомените кучиња се одлични домашни миленици.
 
Во 10 прекрасни категории продефилираа 65+ кучиња на оваа изложба, сите вдомени и спасени од суровите улици.
 
 
 
 

Сопствениците ја раскажаа нивната приказна за тоа како го спасиле сами својот вдомен миленик или како се одлучиле да го вдомат од ЈП Лајка или преку здруженијата и активистите.

Се надеваме дека преку овој прекрасен пример ќе ги поттикнеме и другите граѓани да се одлучат да вдомат, а не да купат куче.

 
Да се заблагодариме на сите кои дојдовте заедно да го прославиме третиот роденден на нашето претпријатие.
 
Овој прекрасен ден го прославивме заедно со кучињата од ЈП Лајка, а  најмногу нѐ израдува тоа што и многу кучиња вдомени од нашето прептријатие дојдоа и нѐ посетија, и се израдуваа што не гледаат повторно.
 
На овој ден сите учесници, сите вдомени кутриња беа победници! Затоа што најубавата раса е ВДОМЕНО КУЧЕ!
 
Огромна благодарност до нашите верни спонзори без кои овој настан немаше да биде успешен! Ви благодариме од срце за наградите кои несебично ги доделивте на сите вдомени кучиња.