Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Царовска со остра реакција за манипулациите со нејзина изјава во „Република“, „Прес 24“ и „Денешен“

 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, остро реагираше на манипулациите со нејзина изјава што се појави во дел од интернет медиумите веднаш по нејзиното гостување во емисијата „Детектор“ на ТВ Сител. Таа на својот фб профил напиша: Насловите подолу кои ги вадат порталите се целосно извртување на вистината.

 

Во емисијата детектор споделувам индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, а не изразувам мој став. Во текстот подолу ја има целата изјава во која цитирам два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика. Еве ја мојата целосна изјава.

“Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики.

Сподели: