ЦИВИЛ: Фестивал на слободата – Следната станица е Европа

Сподели

 

По повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, ЦИВИЛ го организира мултимедијалниот Фестивал на слободата, кој оваа година е под мотото „Следна станица: Европа“. Фестивалот стартува на 1 декември со две панел дискустии, со централен мултимедијален настан што ќе се одржи во четврток на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Фестивалот ќе опфати голем број учесници кои ќе говорат на повеќе панел дискусии и конференции. Дел од темите се: изборните реформи и гласачкото право, пандемијата и инфодемијата, социјалната правда и дискриминацијата, како и низа други теми во доменот на човековите права и слободи. На панел дискусиите и конференциите се поканети експерти, граѓански активисти, високи владини претставници, претставници на медиумите и други.

Во програмата на Фестивалот на слободата се предвидени и низа други активности и настани, за кои организацијата ќе ја извести јавноста во текот на наредните денови.

Настаните ќе бидат комбинирани онлајн и со физичко присуство, со максимално поитување на мерките за заштита од Ковид-19.

ЦИВИЛ ги повика сите граѓанки и граѓани да го одбележат Меѓународниот ден на човековите права.

denesmagazin.mk