Алтернатива Вести Македонија Настани Топ теми Ударни вести

Учениците од ООУ„Ј.Х. Песталоци“ на „World Scholar’s Cup“ во Прага со 34 златни и сребрени медали

Сподели:

 

Нов блесок на учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на „World Scholar’s Cup“ во Прага, Република Чешка. Седум ученици се вратија со 34 златни и сребрени медали, од кои еден од нив има освоено 14 медали за постигнат успех во дебатирање и општо знаење со што директно се пласираа на финалниот натпревар кој ќе се одржи на „Јејл “ во САД.

 

 

Овие признанија не се први за нашите основци од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во февруари годинава од глобалниот натпревар кој се одржа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати се вратија со 28 медали и 2 трофеја.

 

Општина Центар им упатува искрени честитки на учениците воедно ги поттикнува и останатите да се вклучат во овие натпреварувања кои носат високи признанија. Воедно, Центар им се заблагодарува и за промовирањето, претставувањето и високите резултати како за општината, така и за нашата држава.

Општина Центар ќе продолжи да дава безрезервна поддршка и да овозможува подобри услови за уште поквалитетно образование.

Сподели: