УСПЕШНА ИЗЛОЖБА ВО КОНЦЕПТ 37 – УМЕТНИЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ДОНАЦИИТЕ

Сподели

koncept-860x680

Уметниците и дизајнерите собраа 178.425 денари (2.925 евра) на хуманитарната изложба која синоќа се одржа во кафулето „Концепт 37“, објавија организаторите на акцијата на нивниот профил на „Фејсбук“.

На изложбата се продаваа слики, фотографии, книги, цртежи, накит, модни креации, а продажбата продолжува и денеска.

Средствата ќе бидат наменети за поплавените граѓани.