Утре ќе се одржи 12. издание на „Авицена Женска Трка“

Сподели

Оваа недела, 07.04.2024 ќе се одржи 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби.

Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“.

Утре на официјалната фејсбук страница на Авицена Женска Трка со пренос во живо, ќе се одржи лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Среќните добитнички ќе ги добијат подароците обезбедени од партнерите на трката по прогласувањето на најдобрите во категориите.

Трката е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Организаторите на настанот известуваат дека и оваа година има голем број пријавени и на сите учеснички на трката им посакуваат среќа.