Алтернатива Настани

Утре се отвора Дино Парк Скопје

Сподели:

 

Утре се отвора Дино Парк Скопје во ЗОО Скопје. Вратите на Дино Парк ќе бидат отворени за посетители од 09:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари.
 
Од ЗОО Ве очекуваат во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се мултимедијални – се движат и испуштаат звуци.
 
Праисториските диносауруси од јура и креда периодот се омилени кај најмладата популација и со пуштањето во употреба на оваа едукативна и забавна атракција- проект кој е заеднички на Градот Скопје и Зоолошката градина, веруваме дека ќе придонесеме за туристичката понуда во градот.
Влезот е од Градскиот парк.
Сподели: