Вести Македонија Спорт Топ теми Ударни вести

Вардар е во Лига Европа: Фенербахче поразен и во Истанбул

Македонскиот шампион успеа да се пласира во групите од Лига Европа откако го елиминираше турскиот гигант Фенербахче.

 

Македонија, конечно, го доби првиот свој претставник во групна фаза во европско клупско фудбалско друштво.

Вардар ќе биде дел од утрешната ждрепка за главната фаза во Лига Европа по вечерашниoт триумф со 2:1 против Фенербахче на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул во плеј-оф реваншот за второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Вардар: Гачевски, Џигаури (Којашевиќ 84’), Спировски, Блажевски (Муслиу 62’), Барсегјан, Велкоски (Глигоров 73’), Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Фелипе и Брдаровски.

 

Сподели: