Вечерва во НОБ – Гала оперски концерт

Сподели

 

Вечерва во НОБ, со почеток од 20 часот, ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ

Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Дејан Прошев
Концерт мајстор: Климент Тодороски

Хор мајстори: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ

Солисти:
Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска Илкова, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска Спасовска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев

Оркестар и хор на Национална опера и балет

Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Корепетитори : Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

***
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

ПРОТОКОЛ ЗА ПУБЛИКА

Влезот на публиката ќе се одвива во две фази, прва фаза/влез – дезинфекција на раце, обувки и мерење на температура и втора фаза/влез – приложување на билет.

Влезот за публиката е отворен еден час пред почеток на претставата/настанот.

Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски;
Задолжителна дезинфекција на раце и обувки на влез,
Задолжително мерење на температура на влез,
Поставени и означени места за влез пред билетарата,
Има јасно и видно истакнато известување за придржување на мерките,
Доколку се покаже температура над 37 с не се пушта да влезе,
Влезот е еден по еден во фоајето со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра,
На влезните врати за публика во гледалиште има по 1 распоредител и се пушта по 1 посетител,
Гардеробата е затворена (секој посетител ќе мора да си ја земе со себе)
Излезот од сала е на принцип 1 по 1 со максимално придржување на дистанца од 1.5 до 2 метра.