Алтернатива Скопје Чита

ИВАН ЏЕПАРОВСКИ – ПРЕМНОГУ И ПРЕМАЛКУ

Сподели:

dzeparovski

ПРЕМНОГУ И ПРЕМАЛКУ

Премногу преполни куфери
Премногу железнички станици
Премногу градови и држави
Премногу водичи и мапи
Премногу музеи и библиотеки
Премногу глетки и впечатоци
Премногу организирани настапи
Премногу дискусии и тркалести маси
Премногу денови и ноќи
Премногу европски писатели
Премногу сниматели и новинари
Во еден и ист воз.

Веројатно затоа и успеав
За еден и пол месец –
Колку што бев на пат –
Да прочитам само една книга!

Најлош просек во добата откако
Научив да читам и пишувам.

Сподели: