Вело Родео по повод 9.мај – Денот на Европа

Сподели

 

 

 

По повод 9 мај – Денот на Европа, Здружението на Граѓани Еко Логик, традиционално и оваа година организира Вело Родео настани кои се одржуваат во рамки на редовните активности на програмата „Вело Училишта‘‘. 

Имено, вело родео настаните ќе започнат утре со почеток во 11:00 часот во Градскиот парк во Скопје, кај Школка, а потоа продолжуваат во Вратница (10.05) и Чешиново Облешево (11.05).

Вело Родео претставува концепт на организирање на настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти.

Главен фокус на настанот е насочен кон препознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, одржлив развој, велосипедизам, како и креативните работилници кои ги водат познати уметници од државата.

Во месец Мај 2021, Вело Родео настаните ќе бидат организирани во следните општини, запазувајќи ги сите официјални протоколи за одржување на јавни настани на отворено:

 

МЕСТО: Скопје, Градски Парк, кај Школка

09.05.2021-недела

Време: 11:00-14:00ч

МЕСТО: ООУ„Симче Настовски“-Вратница

10.05.2021-понеделник

Време: 11:00-14:00ч

МЕСТО: ООУ„Страшо Пинџур“-Чешиново

11.05.2021-вторник

Време: 11:00-14:00ч

 

 

Настанот во Скопје е поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје, Europe House и Град Скопје, додека настаните во Вратница и Чешиново се поддржани од Делегацијата на Европска Унија  и Europe House.

Во текот на одржувањето на сите настани, ќе биде поставена и изложба на пристигнатите цртежи кои беа дел од ликовните конкурси објавени во 2019 и 2020 година.

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.