Нова сезона на Битолскиот театар со богат репертоар

Сподели:

На 3 септември се отвора новата театарска сезона во Народниот театар Битола со разновиден репертоар, разни гостувања и настапи на фестивали во земјава и во странство.

Ќе започне со „Едмонд“ од Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски, а на програмата се и „Госпоѓа Бовари“ во режија на Дејан Пројковски, „Странецот“ во адаптација и режија на Дамјан Читкушев и многу други.

Сподели: