Вести Изјави

Венко Филипче: Можам да заклучам дека гласањето ќе биде безбедно и согласно протоколите на Комисијата за заразни болести.

Денеска присуствував на симулацијата на гласачкиот ден организиран од Државната изборна комисија. Можам да заклучам дека гласањето ќе биде безбедно и согласно протоколите на Комисијата за заразни болести. Симулацијата потврди дека може да се гласа без ризик за гласачите.

 Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.
 По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца.
При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.
 Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.

 

Сподели: