(ВИДЕО) Доналд Трамп брутално го пецна Леброн – Дали си размислувал да станеш жена?!

Сподели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп имаше еден од најголемите критичари во ликот на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.

фото: Getty Images

Џејмс често го критикуваше Трамп за време на неговиот четиригодишен мандат, а тој јавно славеше кога ги загуби изборите во 2020 година.

Доналд Трамп не заборавил што пишувал и зборувал Џејмс во претходните години, па решил повторно да удри по славниот кошаркар на една од трибините одржани низ САД.

„Ова ќе му го кажам на Леброн Џејмс, кој навистина не го сакам. Ќе му кажам: „Леброн, дали некогаш си размислувал да станеш жена? Затоа што ако си, јас би сакал да си во мојот кошаркарски тим“, рече Трамп на панел дискусија во Небраска.

Џејмс и Лејкерси не блеснаа оваа сезона, славниот тим од Лос Анџелес остана без плејоф, а сигурно Трамп уживаше во неуспехот на Леброн.

Нивната вербална битка секако ќе продолжи, а ќе видиме дали Доналд Трамп повторно ќе биде кандидат за претседател на САД во 2024 година.

The post (ВИДЕО) Доналд Трамп брутално го пецна Леброн – Дали си размислувал да станеш жена?! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico