ВИДЕО: Милан и Интер добиваат нов стадион – Колку ќе чини и кога ќе биде готов?

Сподели

Она за што се зборува веќе некое време е дефинитивно – фудбалските великани на Милано ќе добијат нов дом.

Сегашниот „Сан Сиро“ кој прима 80 илјади навивачи ќе биде урнат откако ќе завршат работите на новиот стадион. Исто така, овој култен стадион ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година.

Градските власти на Милано го одобрија просторниот план и дадоа дозвола за изградба на нов стадион во близина на сегашниот, па останува само двата клуба да потпишат договор со инвеститорите, а се очекува тоа да го сторат до крајот на оваа година.

Стадионот ќе биде инспириран од симболите на Милано – Дуомо и галеријата Виторио Емануеле II. Ќе има целосно стаклена фасада која ќе ги менува боите во зависност од тоа дали домаќин ќе биде Милан или Интер.

Капацитетот на новиот стадион ќе биде 65 илјади навивачи, 15 илјади помалку од сегашниот „Сан Сиро“.

Изградбата на стадионот и сите други придружни објекти треба да чини околу една милијарда евра….

The post ВИДЕО: Милан и Интер добиваат нов стадион – Колку ќе чини и кога ќе биде готов? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico