ВЛЕН најостро го осудува секое глорифицирање на четниците, а особено на Ратко Младиќ, осуден за геноцид и други тешки злосторства.
Уште позагрижувачки е кога вакви содржини се објавуваат од страна на раководител на институција чија задача е да ги штити правата на Албанците и на другите заедници.
Ова не е прашање на лични вкусови или убедувања. Ова е прашање на стандардите на еден јавен функционер и на пораката што институциите им ја испраќаат на граѓаните.
ВЛЕН бара итна одговорност. Оној кој не ги почитува жртвите и вредностите на соживотот не може да биде гарант на правата на заедниците.


