ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите во Карпош, Центар Жупа, Чаир, Дебар, Гостивар

Сподели

 

Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа го побара и народот на овие избори. Македонија има иднина и мора да победува, на чекор сме сите заедно да направиме големи работи. Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство од власта, а заедничка цел на опозициските партии е промена на власта и нова иднина на Македонија. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел, а тоа е да ја собориме оваа власт, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Онаму каде што има кандидати за градоначалници, а кои доаѓаат природно од политичките партии кои се дел од коалицијата за Обнова за Македонија, а каде што настапуваа различно од коалицијата Обнова за Македонија, таков е случајот во Центар Жупа, општина Карпшош и други места, тука немаме дилема дека застануваме и ги поддржуваме тие кандидати за градоначалниоци. Онаму каде што имаме кандидати за градоначалници во втор круг од коалицијата Алтернатива, Алијанса, исто така немаме дилема и застануваме комплетно позади нив, како што се кандидатите во Чаир, Дебар, Гостивар и други места. За останатите сеуште раководството на партијата нема заземено став и очекуваме денес или утре да имаме појасна позиција и ќе ја информираме јавноста. Тоа е за тие општини кои не се дел од коалицијата Обнова или Алијанса“, рече Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници од партиите кои се дел од коалицијата „Обнова за Македонија“, општините Центар Жупа и Карпош, Чаир, Дебар, Гостивар и други места.