Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2021, којшто традиционално се одржува во Берлин, Германија.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2021/06/195107785_10157604443176706_1969450162672189098_n.jpg)
Заедничкиот проект на петте ученици од IIIв одделение, Андреј Андоновски, Јана Блажева, Андреј Новевски, Георгина Стојанова и Максим Станоев, „Вселенски летала“ беше координиран од двајца наставници во својство на ментори Розета Сугарева и Стефан Симовски.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2021/06/195285904_10157604443261706_1777006241998523380_n.jpg)
Проектот на третоодделенците успешно ја помина прелиминарната фаза, влезе помеѓу најдобрите проекти на натпреварот и освои награда.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2021/06/195566657_10157604442866706_2640841614454744935_n.jpg)
Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, „Lufthansa Technik “ AG, концернот EADS (во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони „Airbus“) и концернот Chrysler. Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение ја донесе деветчлено стручно жири.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2021/06/195346892_10157604442936706_7543579437397052649_n.jpg)
Во името на стручното жири на наградените ученици од ООУ „Лазо Трповски“ им се обрати раководителот на натпреварот Ридигер Штајн, кој меѓу другото истакна:
„Ви благодарам за прекрасниот проект. Наградени сте затоа што вашиот проект е фантастичен, затоа што се забавувавте додека го работевте и затоа што сте одлични тимски играчи. Вашата награда е летачки трофеј и диплома за секого од вас. Се надевам дека учеството на натпреварот ви беше толку забавно како што му беше и на стручното жири кога го оценуваше вашиот проект“.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2019/12/SEMM-baner_MK.jpg)