Во чест на 100 годишнината од раѓањето на Славко Јаневски: Поетско читање „Произведувачи на зборот“

Сподели

 

По повод стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски, Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности што го носи неговото име, на 15 јануари со почеток во 19.30 часот во галерискиот простор на Културно-информативниот центар во Скопје организира поетско читање под наслов „Произведувачи на зборот“.

 

Стихови од Јаневски ќе читаат актерите Ана Костовска и Владимир Петровиќ, додека со свои песни и творби ќе настапат 15-тина поети, меѓу кои Зоран Анчевски, Николина Андова Шопова, Јовица Ивановски, Ана Голејшка, Ненад Јолдески, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Владимир Лукаш, Милован Стефановски и други. За музичкиот дел ќе се погрижат Полина Тасева (вокал) и Иван Петровски (гитара).

 

 

Истиот ден во 19 часот делегација на Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе положи цвеќе на неговиот споменик во паркот Жена-борец.