Во Лајка Отворен ден за волонтери

Сподели

 

Во рамките на своите редовни активности и на барање на граѓаните кои не следат и ја поддржуваат нашата работа на 5-ти јуни, сабота, од 10:00 до 14:00часот ќе се одржи ОТВОРЕН ДЕН во прифатилиштето на ЈП Лајка.

 

 

И овој пат волонтерите ќе може да придонесат за подобрување на благосостојбата на кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка и да уживаат со нив преку дружење, прошетки, играње, хранење, бањање и чешлање. 

Притоа ќе може да добијат повеќе информации за секое од нив, за целиот хуман третман низ кој што имаат успешно поминато, за процесот на вдомување, како и практични совети при вдомување на куче, соопштуваат од Лајка.

*Бројот на места е ограничен затоа е потребно да го потврдете вашето присуство на volontiraj@lajka.com.mk