Во тек е гаснењето на пожарот на имотот за стари автомобили во Визбегово

Сподели:

Во тек е интервенција за гаснење на пожар, кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде што е запален приватен имот каде што биле складирани стари автомобили, информираат од Град Скопје.

Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети и активно дејствува во справување со пожарот.

Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство.

Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби.

Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола, да се заштитат граѓаните и да се утврди одговорност за настанатата состојба.

Градот Скопје нема да дозволи неодговорното однесување и создавањето диви депонии да го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина.

Секој мора да сноси одговорност!

Сподели: