DW: Време на опасно живеење

Сподели

Теророт демне насекаде, тој е тука, околу нас. Невидлив и дотолку поопасен. А политиката нема решенија против него. Можеби и затоа што самата го пoсea и и натаму создава плодна почва за него?

Колумна на Зоран Јордановски

0,,18376501_401,00

 

Повторно слики на ужас, паника, смрт на многу луѓе. Меѓу нив и десетици кои не добија ни шанса да станат возрасни, да си ги остварат своите животни сништа и желби. Сите без каква било вина. Единствена, а судбинска грешка на жртвите од Ница им беше што сакаа да му се радуваат на животот, да празнуваат, да присуствуваат на огномет, да се забавуваат, само се најдоа на погрешно месо и во погрешно време. Но, сите сме потенцијални жртви, а наша грешка е дека сме родени во погрешно време. Ова се` повеќе е време на терор, време на живот во страв од терор.

Објективно погледнато преку сувопарните статистики, шансата да станеш жртва на терор е неспоредливо помала од шансата да станеш жртва во сообраќајот. Играта на бројки ништо не им значи на луѓето кои не можат да знаат од која страна и во кој момент подмолно ги демне смрт од теророт, уште помалку пак на семејствата и на пријателите на жртвите. Од сообраќајот, во кого како пешак, велосипедист, возач или патник, сите сме учесници, никој не се плаши. Од теророт секој. На таа битна разлика се базира целта на инспираторите на теророт: да ни го загорчат животот, да ни го ограничат.

Протести за карикатури, но не и за жртви од терор

Современиот тероризам има исламски белег. Тој не се појави туку-така, ненадејно. Семјуел Хантингтон уште на почетокот на 90-те години прво со еден напис, подоцна преточено и во книгата „Борбата на цивилизациите“ (односно на културите), ја предупреди јавноста на ваквиот развој. Фиданката на исламскиот џихадизам изникна порано, за време на советската инвазија во Авганистан. Нејзина семка беше американскиот геостратегиски интерес во времето на Студената војна и конфликтот со Советскиот Сојуз. Некогашните муџахедини мутираа во џихадисти и го свртеа оружјето и кон оној што им го даде в раце: најстрашниот терористички напад досега го доживеаја токму САД во 2001. година.

Политиката се покажува како непоправлив ученик.

Текстот во целост прочитајте го тука

 

dw.com