ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во западните делови ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 3, а дневната од 8 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до -1, а дневната ќе достигне до 9 степени.

За време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2.