ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Постудено време со врнежи од дожд и снег на повисоките места, најавуваат метеролозите за време на викендот.

Под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено времe.

Од денеска доцна попладне, како и за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјава. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет и на планините ќе се формира помала снежна покривка.

Минималната температура утре ќе се движи од -5 до 3 степени, во сабота од -6 до 3 степени, во недела од -5 до 1 степен, во понеделник од -3 до 2 степени. Во вторник и среда ќе биде над нулата.

Дневната температура утре ќе се движи од 5 до 14 степени, во сабота од 5 до 10, недела од 4 до 9 степени, во понеделник од 5 до 11, вторник од 7 до 12 степени и во среда од 10 до 16 степени.