ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер, а во југоисточните предели попладне и слаб југоисточен ветер. Минималните температури од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 31 односно до 41 степен. УВ индексот ќе има вредност 9.

Поради надпросечните високи температури за овој период од годината како и високата вредност на ув индексот се препорачува да се избегнува дирекна изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот како превентива од сончаница и топлотен удар. Затоа следете ги препораките од лекарите и надлежните институции за справување со топлотни бранови.

На возачите им препорачуваме одморени и наспиени да тргнуваат на пат и да ги избегнуваат најтоплите часови од денот и голема внимателност бидејќи поради периодот на годишни одмори има зголемена фрекфенција на патните правци.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 20 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Ништо ново што се однесува за периодот што ни следува. И во наредните денови продолжува влијанието на топлотниот бран кој што ќе ни донесе високи температури и ув индекс со вредност и до 10. Во сабота и недела тропски ден, сончево и топло. Утринските температури од 12 до 22 односно од 13 до 23 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 32 до 42 степени. Сончевото и тропски топло време ќе продолжи и во понеделник и вторник кога се очекуваат утрински температури од 13 до 23 односно од 14 до 24 степени, а максималните дневни температури ќе останат во ист интервал односно од 32 до 42 степени.