7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 41 степени.

Портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, ќе биде активирано денеска на територијата на цела држава.

Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Температурата ќе достигне до 40 степени.

Утре кон крајот на денот и во четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, прво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Сподели: