ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 6, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Наредните денови следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Кон крајот на оваа и почетокот на идната недела, локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.