ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска же биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне 9 степени.

 

 

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.