ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 26 степени. Сончевото и топло време ќе се задржи до вторник, a во среда ќе се зголеми облачноста и дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, со тоа што дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.